7.5 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Снегот го отежна сообраќајот. Возачите да внимаваат

Сите регионални и магистрални патишта во источниот регион се проодни, но коловозите се влажни и лизгави. На неколку локации има остатоци од кашест снег, па на возачите им се препорачува зад воланот да бидат многу внимателни:

За разлика од источниот дел на Државата, како особено проблематична делница, се посочува автопатот Штип-Миладиновци каде има остатоци од снег, но и голем одрон, поради што внимателноста овде е особено потребна:

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, информираат од АМСМ:

За среќа, снегот и лизгавиот коловоз не го зголемија бројот на сообраќајни несреќи на патиштата.

Во СВР е регистриран само еден посериозен инцидент на регионалниот пат Делчево – Берово, каде поради лизгање се судрија два автомобила.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,595FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles