Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре закажа итна седница на владата, со се уште непознат дневен ред, пишува подгоричкиот весник „Побједа“. Седницата на владата ќе се одржи само два дена пред седницата на Собранието на која пратениците треба да гласаат за недоверба на актуелната извршна власт. Владата вчера не се огласи по овој повод, но во собраниските кругови наводно се шпекулира дека Кривокапиќ утре би можел да поднесе оставка.