11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Општините си ги исчистија дворовите. Патиштата во регионот проодни

По синоќешните обилни врнежи од снег, патиштата во регионот се целосно проодни. Од утринава, исчистени се остатоците од снег и движењето се одвива нормално, но во зимски услови:

Предупредување, во моментов, има само за појава од одрони:

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците  Виница – Берово и Кочани – Делчево, информираат од АМСМ.

Интензивно се работи и на целосно чистење на снегот во Потплачковичкиот регион:

Од друга страна, улиците во сите општини од регионот се целосно исчистени:

За од утре, синоптичарите не најавуваат нови врнежи, но ноќните температури ќе бидат доста ниски, па постои опасност од подмрзнување на влажните коловози, што е аларм за дополнителна внимателност.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles