Општина Чешиново Облешево се вклучува во кампањата за спроведување активности за бесплатен ПАП тест и абдоменален ехо преглед за жени. Прегледите ќе бидат спроведени од страна на медицински тим на гинеколози од Скопје. За таа цел во општините ќе функционира мобилна гинеколошка амбуланта каде што ќе се спроведуват прегледите.