19 C
New York
Friday, September 22, 2023

Buy now

spot_img

Максимални преговори за минималната плата. ССМ утре прво на протест, па на преговори

Наместо спринт, како што очекуваа многумина, преговорите за минималната плата преминуваат во маратон, откако и синоќешната средба  меѓу Владата, Синдикатот и работодавачите заврши без конкретен резултат.

Поради ова, од ССМ за утре , пред почетокот на новата рунда преговори, најавија протест пред зградата на Организацијата на работодавачи:

Сојузот на синдикати  со цел да ја искаже својата сериозна намера дека не отстапува од барањето минималната плата да биде 18.000 денари, утре непосредно пред да седне на перговарачката маса со Организацијата на работодавци и со Владата, ќе одржи состанок пред седиштето на Стопанската комора и Организацијата на работодавци кое се наоѓа во истата зграда. Состанокот ќе биде и еден вид на предупредувачки протест во однос на досегашните преговори, информираат преку соопштение од ССМ.

Исходот од преговорите,  директно засега околу 100.000 работници кои примаат минимална плата, од кои најмалку 15.000 се во источниот дел на Државата.

Сите тие се едногласни во тврдењето дека со сегашните 15.200 денари е невозможно да се преживее:

Од друга страна, работодавачите се на став дека методологијата за пресметка на минималната плата која ја бара Синдикатот не е добра, а компаниите во услови на долготрајна криза, едноставно не се во можност да обезбедат пари:

Додека за ова прашање се разговара меѓу социјалните партнери, Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата Левица е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10-ти овој месец.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles