15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Општините  повторно  се презадолжени. На некои, не им помагаат ниту едни пари

Општините и понатаму  должат на сите страни. Некои имаат  заостанти долгови од пред 30 години, а во меѓувреме прават и нови.

Според Извештајот на Министерството за финансии во кој е содржан долгот на 76 општини и Градот Скопје, во септември најголем долг имала Општина Тетово, кој без долгот на јавните претпријатија, изнесува 11,9 милиони евра. По неа се Општина Охрид со долг од 6,7 милиони евра, Општина Гостивар 5,4 милиони евра, Општина Карпош 4,1 милион евра. Делчево и Струга имаат долг од над 3 милиони евра, а слична е состојбата и во другите општини.

Најмал долг во септември прикажала Општина Центар од само 620 евра, а малку повисоки долгови имале општините Македонска Каменица од 1462 евра и Зелениково од 2471 евро.

Од друга страна, општините Сарај, Штип и Дебарца  долг во септември книговодствено немаат прикажано.

Иако долговите за општините се статус кво стостојба веќе долго време, има и позитивни случаи  кои даваат поинаква слика за работењето и однесувањето на првите луѓе.

Општина Куманово која пред 4 години беше меѓу трите најголеми должници, во септември имала долг од само 85.285 евра кој, како што вели нејзиниот прв човек е сервисиран и има доволно пари да се покријат долговите до следниот буџет. Покрај Куманово успешен пример на справување со долгот има и општина Битола каде што претходната градоначалничка наследи долг од 13,5 милиони евра и дополнителни 4,3 милиони евра долг на училиштата. За 4 години успеа да го сведе на нула.

Градоначалникот на  Куманово Максим Димитриевски  проблемот на трупање долгови кај општините го гледа во слабиот капацитет на општините да управуваат со општинските пари, но и во некои системски решенија кои се направени, како што вели, на штета на општините.

За да се санира во некои општини дрматично лошата финансиска состојба Владата кај општините интервенираше со 50 милинои евра што значеше половина покривање на половината долгови, но  3 години подоцна, резултати секаде нема.

Експерти и добро упатени во состојбата со долговите во општините велат дека државата има системски проблем кој е причина за порастот на долговите на општините бидејќи кај дел од нив има недостиг на институционален капацитет. На тоа упатува практиката дека општините успеваат да реализираат само 50 до 60 отсто буџетот.

Познато е дека општините со децении се борат со долгови.  Од тоа колку  градоначалниците  успеале да го намалат за период од четири години и дали успеале да реализираат нови проекти зависи и нивната успешност, велат еконимстите

Според него, потребно е градоначалниците да го усогласат буџетот на приходите кои ги остваруваат во текот на годината, а расходите да ги распределат многу рационално.

 Инаку,  пред 4 години година  долгот на 80 општини  изнесуваше близу 100 милиони евра. Најзадолжените 20 општини имаа долг од над 48 милиони евра без долгот на јавните претпријатија во нивна надлежност. Тие беа со блокирана сметка по една и повеќе години.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles