Последните врнежи од снег ја спасуваат наводнителната сезона и ги наполни полупразните акумулации со вода. По неколкумесечно отсуство на врнежи и спуштање на нивото на вода во Калиманци на алармантно ниско ниво, во моментов, во браната има 97 милиони м/3 вода, што е доволно за планирање на сезоната за наводнување:
Врнежите доаѓаат во вистински момент , зашто вода во нивите треба да се пушти на 15 април, а време да се направат плановите за наводнување има уште малку:
Минатата година, долготрајната суша беше причина за намалување на површините под ориз од вообичаените 4.000 на околу 3.000 ХА.
Браната Калиманци е најголемата вештачка акумулација во источниот регион и нејзиниот капацитет е 120 мил. м/3 вода.