15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Ќе стане ли македонскиот исток најголем производител на струја од сонце во Државата?  Досега потврдени четири големи енергетски проекти

Македонскиот исток  е на чекор до тоа да стане најголем производител на струја од сонце во Државатa. Овој дел, поради големиот број сончеви денови се покажа како атрактивен за четири големи енергетски компании, заинтересирани овде да градат сончеви панели.

Инвестициите кои би требало да се вложат во четири општини од регионот се со вредност од околу половина милијарда евра, а би требало да обезбедат производтсво на  околу 700 гигавати електрична енергија,  што претставува околу 16 отсто од годишното производство на електрична енергија од ЕСМ.

Најголемата инвестиција чија реализација треба да почне оваа година е онаа кај Штип. Овде „Акуо Енерџи“ од Франција ќе вложи 270 милиони евра. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво што е доволно за потребите на околу 116 илјади домаќинства.

Соларен парк со капацитет од 350 – 400 мегават часови ќе се гради кај Ерџелија.

Во Карбинци, планирана е инвестиците од 63 мил. евра  за производство на 85 мегаватчасови, кај Долни Балван, а кај Пехчево ќе се инвестираат 53 милиони за  изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати.

Најавите за големи инвестиции во капацитети за производство на струја, доаѓаат во време на голема енергетска криза кога цените на светските берзи рушат рекорди:

Во меѓувреме, во тек е нов Јавен оглас за пријавување на фирми кои се заинтересирани да станат стратешки инвеститори во земјава кој ќе трае цела година, односно се до 31 јануари 2023 година.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles