11 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Свети Николе тврдо не ја сака регионалната депонија кај Мечкуевци. Општините решение за неколку дена ќе бараат во Животна средина

Општина Свети Николе и понатаму е цврсто одлучна дека предвидената депонија не треба да се лоцира кај селото Мечкуевци, а причините за ова, според нив се повеќе од оправдани

Од Министерството за животна средина, засега нема коментар во врска со овој став на светиниколската општина:

Неделава се планира  состанок со  градоначалниците од Источниот плански регион, на којшто ќе се разговара токму на оваа тема, информираа кратко од Министерството.

Освен што се уште  го нема предвиденото ЈП за управување со депонијата, во меѓувреме регионот и понатаму е затрупан во диви депонии и ѓубришта, а 10 милиони евра предвидени за нивно чистење, се уште стојат недопрени.

Каково решение може да се очекува е нејасно, но од Свети Николе го нудат следното:

Колку ова решение што се нуди ќе го пролонгира предвидениот проект, повторно е неизвесно, но 40 милиони евра од ЕУ и натаму стојат неискористени, бидејќи без ставање во функција на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, не може да биде распишан ниту тендер за изградба на депонијата.

Сепак, со новиот Закон за управување со отпадот јасно се дефинира периодот во кој општините имаат рок да го воспостават регионалниот систем за управување со отпад, и ако за 2 години од донесувањето на спогодбата не го направат тоа, тогаш надлежноста ја презема Владата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,595FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles