Состојбата со ковид кризата во градинките е стабилна, а тоа го потврдуваат и податоците кои ги имаме на дневно и неделно ниво информира министерката Јованка Тренчевска. Во последната недела евидентирани се 75 вработени и 24 деца позитивни на корона вирус на територијата на цела држава.