Министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев изјави дека денеска регионот се соочува со најголемата криза од Студената војна и дека тоа што се случува во Украина директно ја загрозува безбедноста на државата. Според него, трендот на промена на рамнотежата во Црното Море продолжува. Анализите на бугарското Министерство за одбрана покажуваат сериозни дефицити во нашите вооружени сили, додаде Јанев, пренесува БГНЕС.