Американката Ангелика Икеда е новото засилување на ЖФК Каменица САСА. Станува збор за фудбалерка од средниот ред, доскорешниот капитен на Илиноис Кобрасво САД. Ова е второ засилување од Америка, откако претходно на тимот на каменичанки му се придружи и Пејтон Тајлер Чик, која во Македонска Каменица доаѓа од Сиетл, САД.
Целта на тимот на Каменица Саса е освојување на трета титула во низа во домашниот шампионат.