Вкупно 580 потврдени активни случаи на ковид 19 има во општините од источниот регион. Нивниот број во моментов најголем е во Кочани, каде позитивни се 162-ца граѓани, по што следува Штип со 159 и Свети Николе и Делчево со 95, односно 72-ца.
Во Ковид одделението на Физикална медицина во Кочани се регистрирани 15 пациенти коишто се хоспитализирани поради компликации од КОВИД 19. Од нив 12 се со потешка клиничка слика и на постојана кислородна поддршка, информираат од Општа болница – Кочани.
Се зголемува бројот на хоспитализирани и во Штипската болница, каде моментално има 61 пациент:
На Инфективното одделение има 57 пациенти и уште 4 на Кожното. 43-ца пациенти се на кислородна поддршка, а една пациентка од Радовиш на 78-годишна возраст, почина, информираат од Болницата.
По бројните реакции дека за ПЦР тестирање во државните лаборатории се чека предолго, министерот за здравство Беким Сали, најави можност капацитетот за тестирање во државниет институции да се зголеми за 20 %
Контактирано е со надлежните во јавноздравствените установи кои вршат ПЦР тестирања и тие покажаа подготвеност да го зголемат капацитетот за тестирање за 20 проценти. Сепак, за ова треба да се произнесе и Фондот за здравство, велат од Министерството за здравство .
Од Здравство информираат дега еден од приоритетите е намалување на цената на ПЦР тестирањето во приватните лаборатории.