15.1 C
New York
Saturday, October 1, 2022

Buy now

spot_img

Општините сами да си бараат чаре како да си ги плаќаат сметките, порача министерот Горан Милевски

Општините во многу случаи се пасивни, некреативни, па дури и неодговорни кога во прашање се нивните трошоци и кога малку ќе им загусти, секогаш бараат излез и пари од државата. Оваа пракса мора да застане и тие сметките, отсега  мора да си ги плаќаат сами:

Изјавата на Милевски, коинцидира и со ставот на Владата, која на овој начин одговори и на барањето од ЗЕЛС – Владата да им помогне на општините во плаќањето на високте сметки за струја:

За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, се вели во владиното соопштение.

Ова секако не е одговорот кои градоначалниците сакаа да го слушнат, па во општините веќе се прават планови за пренамена на средства, но и за заштеда на струја:

Инаку, почнувајќи од јануари, најголем дел од општините и јавните претпријатија од регионот, добија сметки за струја кои се и за 500 % повисоки од вообичаените, поради високите цени на струјата на слободниот пазар.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles