67-годишно лице со иницијали Д.Џ. било пронајдено мртво кај Градскиот пазар во Кочани. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Здравствен дом Кочани, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.