15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Субвенционирањето на нето износот од минималната  плата го нема во Предлог Законот, дали работодавачите се изиграни?  

Работодавачите ќе излезат со кратки ракави и со сите проблеми во рацете по одлуката за зголемување на минималецот. Иако се разговараше едно, најверојатно ќе се случи друго и целиот товар  за зголемување  на платите ќе  биде ставен на компаниите, а не како што беше договарано, дел да преземе и владата,  изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајковска.

Во актуелниот предлог закон изоставен е делот за субвенционирање на нето износот на покачувањето на минималната плата, што значи целиот терет од зголемувањето на минималната плата ќе биде на работодавачите. Владата го субвенционира износот на придонесите во делот на покачувањето на минималната плата“, вели Трајковска.

Со Трајковска се согласува и Ангел Димитров кој потенцира дека ова што сега му се наметнува на стопанството не е добро за никого.

Освен  од компаниите, за минималецот кој се искачи на 57% од просечната плата на реперкусии предупреди и експертот и некогашен министер  за финансии  Трајко Славески.

Минималната плата не може да се однесува на над 20 проценти од вработените и не може да биде 60 проценти од просечната плата, кога Европската унија изрично наложува максимумот да биде 50 проценти. Затоа што тоа би придонело најголем број од компаниите во Македонија да затворат или пак остатокот од компаниите коишто се подобри да ја доживеат судбината на БЕГ, односно полека да станат државни фирми. Тоа значи враќање назад, посочи Славески.

Без оглед на сите овие укажувања новата минимана плата од март  е реалност а неа на големо веќе ја прославија од Сојузот на синдикати кои беа и главниот иницијатор. Со неа, според Владата, околу 80 000 работници во сите сектори  ќе решат многу прашања а стандардот ќе го подигнат на попристојно ниво.

Во меѓувреме денес пратениците го изгласаа Предлог законот за минимална плата, информираа од Министерството за труд и социјална политика:

Со предлог законот се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Со предлог измените се предвидува, висината на минималната плата да не може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година, велат од Министерството.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles