Специјалци во Штип приведуваат лице избегано од затвор. Акцијата се спровела синоќа во месноста Черења, каде е пронајден и уапсен 32-годишник баран со потерница. Истиот e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.
Во друга акција но на истата локација, полицијата уапси уште четири други лица кај кои била пронајдена марихуана.