Во Годишната програма за финансиска поддршка на земјоделството воведена е пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите. исплатата за оваа мерка ќе се врши авансно во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември, а остатокот ќе биде исплатен до месец мај следната година како и досега.