Општина Делчево денес додели 19 решенија на исто толку стипендисти – средношколци и студенти:
Стипендиите ќе се исплаќаат за период од 9 месеци, а износот на ученичките стипендии во зависност од категоријата е 1.000 денари, односно 1,500 денари.
Речиси сите стипендии се доделени за постигнати резултати, што е голем успех и за делчевската гимназија.
Годинава е доделена само една студентска стипендија која е во износ од 3,500 денари.
Дополнително, општина Делчево доделува и наградно патување низ Европа на 10-те најдобри матуранти . Исто така, од 2020 г. се издвојуваат по 3 .000 денари за секое прваче кое ќе го започне школувањето во делчевските основни училишта.
Минатата година по овие основи од Буџетот на Општината се исплатени над 900 илјади денари.