1 C
New York
Thursday, November 30, 2023

Buy now

spot_img

На денот на протестите против Пејпер мил околу фабриката  масовно  гореа  стрништа. Дали некој на компанијата и подметнува нечист воздух? 

По подолго, протестите против  кочанската компанија за производство на хартија Пејпер мил   се обновија.  За јавнота непознато граѓанско здтужение  нив ги најави вчера соопштувајќи дека ти ќе започнат  од денес и по два часа ќе траат во наредните денови до крајот на неделата.

 Иако  беше најавен,  првиот протест  денес заврши со  неочекувано мал  број  присутни граѓани  кои требаше да го искажат револтот од нечистиот воздух  во Кочани и  потенцијалниот виновник, фабриката Пејпер мил.

Во меѓувреме, на  денот на одржувањето на протестите  околу  фабриката Пејпер мил , масовно  гореа  стрништата  на нивите.  Дали  ова има некаква врска со  протестите или се е само некоја случајност?

Од друга страна,  денешните протести и чадот кој  цел ден го покриваше Кочани за  менаџментот од Пејпер мил е сомнителна коинциденција.

„ Во месеците септември, ноември ид екември 2021 година, како и јануари годинава, мерењета покажуваат вредност на емисии на количества на прав во димните гасови во воздухот до 10 пати пониски од нормалата. Со жалење констатирам дека повтоно, неправедно, се етикетира Пејпер Мил како единствен загадувач во Кочани. Во врска со организираните протести на мал број луѓе пред фабриката, раководството и јавно поканува на средба претставници на овие граѓани з ада им ги презентира резултатите од мерењата и технолошките процеси, а истовремено реагира и на неоснованото тврдење за Пејпер Милч како виновник  за загадувањето на Кочани“, изјави менаџерот на Пејпер Мил, Јулијан Даскалов  .

Досега, протести на темата  чист воздух и Пејпер мил во Кочани има ви неколку наврати  но минатат година команијата ги презеде сите активности и инвестициски обврски  за намалување на штетните гасови по што ги обезбеди и сите  потребни дозволи за продолжување со работа.

 Во изминатиот период Кочани  споредено со останатите градови нема нарушување на аеро балансот , покажуваат мерењата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,912FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles