Со последната контрола од страна на комисија од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој со која е констатирано дека сите позиции и фази се завршени, и официјално е завршен проектот за реконструкција на Кино салата “Злетовски рудар”. Финансиската поддршка за овој проект изнесува 17 милиони денари обезбедени преку Агенцијата и 3 милиони од Општината. Со ова, општина Пробиштип доби функционална кино сала со капацитет од 360 посетители и веќе од месец март ќе следуваат и првите културни настани.