15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Се намалува бројот на болнички –ковид пациенти

Се намалува бројот на болнички –ковид пациенти сместени во клиничката болница во Штип. Во моментов, капацитетите се испонети со околу 40 %.

Имаме вкупно 42-ца пациенти кои се сместени на нашите ковид одделенија. од нив, 31 пациент се на Инфективното одделение, а само еден е на Кожното. пациентите се од сите делови на регионот, информираат од Болницат.

И покрај намалувањето на бројот на т.н. лежечки пациенти, процентот на тешки случаи меѓу нив и понатаму е сериозен. Од вкупно 31 пациент на Инфективно, дури 26 се зависни од кислородна поддршка , што е околу 83 % од хоспитализираните.

Регистриран е и еден смртен случај. Починат е пациент од Делчево на возраст од 73 години.

Во моментов, во регионот има 411 корона активни случаи. Бројката е најголема во Штип 122, додека благо намалување има во сите останати општини.

Намалување на бројот на заразени евидентира и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје:

Има 13 насто помалку заразени, споредено со неделата претходно. Најмногу заразени се регистрирани кај луѓето над 60 години и кај оние од 40 до 49 години. Најмалку заразени има меѓу децата до девет години. Намалување има и кај бројот на реинфекции, односно за речиси осум насто помалку, во однос на неделата претходно, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во меѓувреме, од ИЈЗ потврдија дека кај тројца пациенти е детектирана подваријанатат на омикрон, позната како стелт, која не дава потешка клиничка слика, но се шири за 30 отсто побрзо од омикрон сојот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles