Интензивно се работи на преадаптација на старата спортска сала во СОУ „М.М.Брицо“ која ќе прерасне во конгресна сала за потребите на училиштето, невладиниот сектор, но и Општина Делчево. Вредноста на проектот е 3, 5 милиони денари, средства обезбедени од училиштето, а градежните работи треба да завршат за еден месец.