Намалување на даночната стапка од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги, но и зголемување на цените на услугите денеска од Штип побара Ветеринарната комора.
Повеќе субвенции за сточарството, децидни се од комората, бидејќи соодветно на актуелната економска криза и оваа земјоделска гранка бележи надолен пат во својата работа.
За овие и други актуелности од областа на ветеринарните станици денеска се разговараше на работната средба помеѓу ветеринарната комора и претставници од повеќе ветеринарни друштва од источниот регион.