Штипските Соколи и натаму имаат шанси да се борат за второто место на табелата во Втората кошаркарска лига, тврдат познавачите со напомена дека, штипјани не смаат да загубат безмалку ниту една средба до крајот на првенството. Идното коло ќе се игра на 26 февруари. Штипските кошаркари гостуваат во Струмица. Вардар во локалното дерби игра со Водно. Двете екипи Соколи и Вардар го делат второто место на табелата со по 24 бода.
Дербито на колото и првенството меѓу Соколи и Вардар е на 5 март во Штип.