До крајот на неделата се очекува да започнат разговорите со сите засегнати страни за зголемување на пензиите. Според вицепремиерот Фатмир Битиќи , ќе се разговараат со сите страни со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите:
Засега се уште е неизвесно по која методологија и колку пензиите ќе бидат покачени, но за разлика од Државата, пензионерите точно знаат колку очекуваат
Досега пензиите се качуваа ретко и малку, па очекувањата на пензионерите се разбирливи, но клучното прашање е дали Фондот има доволно пари за повиски пензии или за тоа ќе биде потребна интевренција од Буџетот:
Во Државата има околу 326.000 пензионери, од кои 51 %, земаат пензија до 14.000 денари, а 21 % од пензионерите се во групата од 14-18.000 денари.
Со последното, јануарско усогласување на пензиите од 2,9 % , 69 пензионери стигнаа до најголемата пензија од 59.674 денари.