Владата итно да обезбеди пари за општините за тие да си ги платата сметките за струја, во спротивно следува радикализација , се закани градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која е и претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа, осносно ЗЕЛС:
Доколку нема разговор, вториот заклучок кој го донесе ЗЕЛС е радикализација. Треба да разбереме дека имаме 81 општина од кои повеќето се мали, рурални кои што немаат начин како да генерираат повеќе средства. Нивното функционирање, начинот на којшто работат и постојат е доведено во опасност од оваа ситуација, а неизвесно е истата до кога ќе трае. Доколку не добиеме помош од централната власт ќе добиеме целосна нефункционалност на малите општини, истакна Арсовска.
Според Арсовска, повеќето мали општини веќе ги потрошиле предвидените пари за струја во изминатите само два месеца:
Ситуацијата и со јавните комунални претпријатија е до толку алармантна што прекинот на електрична енергија директно влијае и може да доведе до прекин и на водоснабдувањето. Затоа треба уште еднаш убаво да се размисли како ќе се реагира, затоа што ова се јавни услуги кои се од интерес пред се за граѓаните. Ние не зборуваме само за јавни претпријатија или општини, ние зборуваме за граѓаните на овие општини“, кажа Арсовска.
Во констекст на Арсовска и исклучително лошата финансиска состојба зборуваат и од општините :
Освен помалите општини, во крајна финансиска незивесност зачекорија и поголеми општини кои сметките за струја ги заменија со предвидените капитални инавестиции.
Сето ова, според градоначалниците, општините ќе ги направи нефункционални , бидејќи граѓаните нема да добијат ниту една позначајна услуга.
Апелот, односно, заканата од ЗЕЛС премиерот Ковечавски ја прифати, притоа критикувајќи ги дека на кризата требало да мислат кога го планирале буџетот, каде најголемиот дел од нив, не предвиделе ставки како да ја менаџираат новата криза.
Каков епилог за општините што оваа сердба ќе донесе е неизвесно, но се’ се сведува на пари кои на општините и требаат многу бргу.