Во населбата 8-ми Ноември, денес започна уредување на простор од 2.000м2 на 5 локации од каде беа отстранети лимените гаражи. Просторот ќе се користи како паркинг површина.
Ова значи и нов, поубав изглед на населбата, но и поголема функционалност на просторот:
Од општината најавија дека во иднина, ќе бидат уредени сите локации каде што беа отстранети лимени гаражи и други објекти од времен карактер.