Покачување на пензиите ќе има. Ова е едниствената сигурно договорена работа меѓу пензионерите, владини претставници и Фондот за ПИОМ , на денес започнатите преговори.
Останати детали не се соопштија, освен дека се работи на утврдување на процентот на покачување и утврдување на е нова методологија за усогласување на пензиите.
Најавите се дека се работи на решение кое ќе донесе серизоно покачување на пензиите, а попвеќе детали би требало да има на початокот на март, за кога е закажана наредната средба.
Намерата на сите кои учествуваат во преговорите е пензиите да се покачат правично, а најголем процент да добијат оние кои живеат со најниски пензии.
И додека владата, политичките претставници и сојузот се уште се договараат, пензионерите точно знаат колку пари им требаат за да го преживеат месецот.
Според универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров, пензионерите за социјално најазагрозената категорија во Државата, а поратсот на пензиите, мора да го следи порастот на минималната плата.
Во државата има околу 328.000 пензионери, а најголем дел од нив живеат со пензии до 14.000 денари.