7.5 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Локалната власт е неспособна, а освен за работа секогаш е подготвена само за сликање, изјавија денес на прес од СДСМ

Локалната власт на Штип е неспособна и за само 48 часа ја урнисаа перцепцијата за еден витален и значаен проект за Штип односно водоснабдување преку ХС Злетовица.

На овој начин според СДСМ создадена е несигурност и недоверба за квалитетот на водата од овој систем.

На овие критики од страна на ЛС Штип возвратија.

Опозициската СДСМ наместо да воочи дека со ХС Злетовица решаваме 50 годишен проблем со водата за пиење и обединето да застане позади овој долгоочекуван проект, очигледно е во тотален колапс, штом не знае да разграничи што е грижа, а што е неодговорност. Неодговорни беа тие додека беа на власт и додека го оставаа градот по неколку денови без вода, поради несоодветно справување со проблемите. Неодговорни се и сега, затоа што создаваат вештачка паника кај штипјани. Ние испишавме историја со приклучувањето кон ХС Злетовица. Направена е редовната процедура за оптимизација на комбинираниот систем, но водејќи се од грижата за благосостојба на секој граѓанин во нашиот град, како никогаш до сега ги известивме граѓаните за тековните анализи на водата од страна на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, се со цел да бидеме апсолутно транспарентни и отчетни.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,595FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles