Екипата на Баскет Кам втора година по ред го освојува македонскиот кошаркарски куп во женска конкуренција, а сезонава славеше против Бадел 1862 со 64:61. Составот од Македонска Каменица мораше да игра продолжение за да стигне до трофејот, откако регуларните четириесет минути завршија со резултат 58:58, за во дополнителните минути Баскет Кам да биде поуспешен со 6:3.