Вкупните депозити во јануари, изнесувале 74, милијарди евра , што на годишна основа е зголемување за 7,4 проценти, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот домаќинства, информираа од Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,4 отсто, како резултат на растот на кредитите на двата сектора, кој е малку поизразен кај корпоративниот сектор. Вкупната сума на издадени кредити изнесува 6,2 милијарди евра.