3.8 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

За неполна недела, птичјиот грип од Скопје стигна и во Штип

Неполна недела по појавата на првиот случај на птичји грип во Скопје, болеста веќе е потврдена и во Штипско. Нејзиното присуство е потврдено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, кај мостра од дива птица – корморан.

За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања, информираат од Агенцијата.  

Во тек е подготовка на решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.  

Останува апелот до одгледувачите,  бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,596FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles