Нема потреба од лидерска средба помеѓу Христијан Мицковски и Димитар Ковачевски доколку единствено барање се евентуални предвремени избори, изјави денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Во однос на инсистирањето од страна на Мицковски секој договор со Бугарија да биде писмено гарантиран од страна на ЕУ,премиерот Ковачевски рече.
Според Ковачевски, неговото отстранување од заедничката фотографија со бугарскиот премиер Петков и американскиот државен секретар Ентони Блинкен е ненамерен пропуст на бугарската владина прес служба и во тоа тој не гледа случај.
Во врска со случајот кој покрена многу коментари и во Бугарија и Македонија денеска се огласи и бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави
Замислете си ги граѓаните на Република Бугарија и на Република Северна Македонија да се радуваат на взаемна почит, почитување на нивните права и просперитет. Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам нема да не спречите, стои во фб статусот на бугарскиот премиер Кирил Петков.