15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

На денот на пролетта, Александар од Свети Николе тргнува по патот на Југославија. Во чест на мајка му ќе помине  2.500 километри на велосипед

На денот на пролетта , Александар Стојков од Свети Николе тргнува по патот на Југославија. Во чест на мајка му Вера, која неодамна починала од ковид инфекција, ќе помине  2.500 километри на велосипед низ поранешните југословенски републики.

Велосипедската тура почнува од родното место на Вера и на Александар, Свети Николе, на 21 март и ќе се вози низ 5 поранешни Ју-републики (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора) и Албанија, а финишот повторно е во Македонија, на 5 април година.

Идејата за ваков спортски предизвик, Стојков ја добил кога починала мајка му, бидејќи не успеал да го исполни ветеното, да ја прошета по местата каде што работи и живее.

Целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори, вели Стојков.

Турата ќе се вози во вкупно 15 етапи, со околу 170 километри секоја, во 15 дена, со само два дена пауза меѓу етапите, што е подвиг еднаков на големите велосипедски натпреварувања.

Единствената разлика меѓу големите трки и оваа тура, е ревијалниот карактер кој го има ВЕРА ТУР во оваа година, меѓутоа работиме и се надеваме, дека од следната година ВЕРА ТУР ќе прерасне во традиционална трка, пред се поради карактерот, меѓутоа и затоа што на овие простори нема таква слична гранд-велосипедска тура, потенцира Александар.

Оваа година, на првото издание, единствен учесник на Вера Тур ќе биде Александар Стојков, кој ќе вози на сите 15 етапи. Тој ќе биде следен од велосипедски експерти во форма на стручен тим, медицински тим и едно возило со најблиските од семејството. На секоја етапа одделно, ќе го следат најдобрите велосипедисти и репрезентативци од секоја земја, каде што ќе поминува.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles