Околу 150 американски војници и воена опрема пристигнуваат во Бугарија на заедничка обука, соопшти денеска бугарското Министерство за одбрана. Тие ќе учествуват во обука насочена кон зајакнување на компатибилноиста на војниците. Според договорот на НАТО со сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2 500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја.