Просечната нето-плата во декември минатата година била 29.943 денари, објави Државниот завод за статистика. Во номинален износ, во однос на ланскиот декември просечната нето-плата е зголемена за 1.649 денари, или 5,8 проценти.
Во декември просечната плата е зголемена за дури 813 денари, во однос на ноември.