Поради технички дефект при изведување на градежните работи на крстосницата во населбата сењак, добар дел од Штип повторно е без вода. Според информациите од ЈП Исар градежна машина оштетила главна водоводна цевка што е и причината на застој во водоснабдувањето. Екипи на јавното претпријатие Исар интезивно работат на дефектот. Но, поради големото оштетување претпоставка е дека ќе бидат потребни неколку часа за нормализирање на состојбата.