21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Општината нема анализа  кој, кога и колку го загадува  воздухот во Кочани и колкав е негативниот допринос на Пејпер мил.  Граѓаните  сметаат  дека  хартиената  фабрика  не им е главниот проблем. 

Кочани повторно се потенцира како најголем еколошки  проблем во државата.  Двапати по едвај десеттина  загрижени активнисти за чист воздух   се обидоа да испратат повеке пораки, но клучната беше  дека  сите  траги за  аеро  проблемот  во Кочани завршуват во производствената хала на  Пејпер мил.

Без оглед колку во меѓувреме инвестирал во  технологија  и што  располага со сите  еко  лиценци за  работа , Пејпер мил и понатаму    се прикажува како загадувач број еден на Кочани. Дали граѓаните  го делат мислењето на  активистите од овој град?

Овие одговори ја објаснуваат и  незначителната посетеност  на  протестите   зашто  вистоната има и друга страна.

Месеците јануари, февруари и март  во Кочани  се сезона на палење стрништа и  има денови  кога градот   и околината  буквално се покриени со чад а  токму тогаш, по правило,  се јавуваат и протестантите.

 Во меѓувреме, случајно или не, деновиве гореше и кочанската депонија  која  во  голема мера им ги зајакна аргументите на протестантите дека воздухот во Кочани не е добар. Горат стрништа, гори депонијата работи и Пејпер мил. Има ли општината анализа  кој, кога и колку го загадува воздухот во Кочани?

Иако со факти не располагаат ниту протестантите, сепак  тезата дека  Пејпер мил е клучниот душман на Кочани тие ја туркаат и понатаму  нудејќи решение, односно користење на метан како  основен  енергенс.

Иако ова треба да е одлука на менаџментот,  инсистирањето на метан, што е реално, оди во прилог на неговите дистрибутери. Оттука, она што на човек може да му дојде  на ум е и прашањето, Дали овде има некоја  формална или  неформална врска меѓу едните и другите или пак се е само случајност?   

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles