Производството на тутун во регионот е доведено во прашање поради големо незадоволство на тутунарите. Нивната сметка на крајот од сезоната покажала голем минус, па културата која е традиционално присутна на овие простори, повеќе не е исплатлива за производство, тврдат тие:
Освен од цените, тутунопроизводителите се незадоволни и од односот, па бараат итни измени во Законот за тутунарство и промена на релациите производители – откупувачи:
Тутунарското незадоволство се провлекува со децении, но тие особено гласни се последниве две години кога во неколку наврати излегуваа на протести и блокади.
Во државата, со производство на тутун се занимаваат околу 120.000 семејства, а годишно од извоз на тутун се остваруваат околу 150 мил евра.
Годинава се произведени 22.000 т. тутун, а досега се откупени 16.500 т. по просечна цена од 197 ден. за килограм.
Како поддршка на тутунарите, од ковид програмата се издвоени 5 милиони евра, а годишните субвенции за тутун се во висина од 80 ден за кг прва класа, 70 за втора и 60 за трета класа.