Претстојниот викенд ќе се одржат државните првенства за кадети и сениори во Радовиш. Потоа, следуваат и европските првенства до 23 години и за сениори, во Бугарија, Пловдив и Будимпешта, Унгарија.
Селекторот на македонската репрезентација Бобан Данов очекува интересни и изедначени борби на Државните првенства во Радовиш. На истите нема да учествуваат Нуров и Егоров.. Тие, како што вели ДАНОВ. се ослободени, за подобра подготвка за ЕП, кое ќе се одржи во Будимпешта од 17-24 март 2022. На ова ЕП ќе учествува и Дејан Митров, ако го освои првото место на Државното сениорско првенство во Радовиш.