Претседателот на Владата , Димитар Ковачевски денеска, преку официјалните владини канали имаше обраќање до јавноста.
Во обраќањето, Премиерот се осврна на стабилноста и безбедноста на државата, економските импликации од продлабочувањето на кризата, како и на активностите и мерките кои Владата ги презема со цел да ги ублажи и амортизира негативните последици од кризата.
Според Ковачевски, пред нас стојат големи економски предизвици. Освен ова, големи предизвици се и струјата, гасот и енергетиката.
Од друга страна, Ковачевски потенцираше дека безбедносната состојба во Државата е стабилна и во моментов, нема никаква директна закана по безбедноста на Македонија.