Чевларската индустрија е заглавена како никогаш досега . Сезоната која тие ја планираа за добра, бидејќи овој пат сите планови им ги расипа високата цена на струјата. За нив овој удар е поголем и од последиците со короната.
Енергетската криза се совпадна со грејната сезона во компаниите кои трошат исклучиво електрична енергија и за производство на полуготовите производи и за затоплување. Пред кризата просечно компаниите трошеа по 7денари за киловат/час, додека сега 18 денари, истакна Лидија Милановска, прет. на Здруж. на чевлари.
Ваквата состојба иницираше итен сосотанок на производителите на чевли и барања за помош на кожарската индустрија:
Барањата се однесуваат на одложено плаќање. Летниот период имаме пониски сметки и тогаш ќе можеме да ги платиме и тековните и заостанатите од зимски период. Ќе бараме и субвенции по извесен пар обувки. 95 проценти од фирмите работат за извоз и затоа бараме помош за извоз, вели Милановска.
Високите сметки за струја се нов, последователно голем удар за кожарската индустрија, која се уште не се опоравила од последиците од корона пандемијата. Сега, секторот треба да се справи и со високите цени за струја и со порастот на минималната плата .
Кожарството во вкупното индустриско производство во Државата учествува со 1,5 % , а во овој сектор се вработени 3 % од вкупниот број вработени во индустријата. Околу 90 % од производството оди за извоз, но најчесто не како готов производ, туку како доработка. Во изозот оваа гранка учествува со околу 50 мил долари што 1,1 % од вкупниот извоз.
Од 2020 година наваму , работат само 10 % од сите фабрики за производство на чевли во Државата.