Основниот суд во Штип се соочува со големи кадровски проблеми и неизвесност како ќе работи до крајот на годината. Во моментов судот располага со 14 наместо предвидените 19 судии, но до крајот на годината состојбата драматично ќе се влоши, бидејќи во пензија ќе заминат уште 4 судии, ова значи дека судот ќе располага со само 50% од потребниот број.
Оваа состојба практично не може да се реши бидејќи, според Андонов ниту академијата за судови во моментов не располага со кандидати кои би можеле да бидат замена.
Без оглед на ваквата кадровска состојба, судот во Штип лани решил 35% поголем број на предмети во однос на претходната година.
Освен големиот кадровски хендикеп судот во Штип од неодамна има и голем финансиски проблем, бидејќи стигнуваат огромни сметки за струја.
Во меѓувреме во насока решавање на сите овие проблеми е и опремувањето на нови судници и воведување на он-лајн судења со што судиите ќе имаат можност за побрзо и поефикасно решавање на предметите, потенцираше Горѓи Андонов претседател на основен суд Штип.