21.2 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Нема ризик за стабилноста на денарот, а храна во  стоковите резреви има доволно

Глобалните економски трендови како и војната во Украина, нема да го дестабилизираат денарот и неговата вредност не доаѓа во прашање, изјави вицегувернерката на Народна банка  Емилија Нацевска.

Според Нацевска,  размената со Украина и Русија не е голема, но битно е колку оваа криза ќе се прелее во европските финансиски пазари и како ние можеме да бидеме погодени.

Од друга страна, од Владата и денес излегоа со смирувачко  соопштение и информација дека Државата има доволно храна и нафта и опасност од недостиг или енеормно покачување на цените нема:

Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.  Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, информираат од Владата.

Од вчера, мерката за замрзнување на цените е заменета со ограничување на трговските маржи, а дел од производите веќе се со нови, повисоки цени.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles