Од вчера десет семејства сместени во манастирскиот комплекс Мирјанина црква кај Штип,останаа без струја. Тврдат дека прекинот им е направен намерно нелегално и тенденциозно.
Проблемот нив ги крена на нозе, па уште утринава тие помош за решавање на случајот побараа од градоначалниикот Иван Јорданов. До средба поради отсутност на Јорданов не дојде, но,од ЛС во врска со случајот се огласија со соопштение.
Мораме да ја информираме јавноста дека поради превисоката цена на електрична енергија, Општина Штип има сериозни проблеми и е принудена да ги намали трошоците по оваа основа. Во споменатиот објект, кој е во владение на Брегалничка епархија имаше неконтролирано населување на лица, на кои овој простор им беше понуден како привремено решение, меѓутоа таму нема услови за постојано и достоинствено живеење, поради немањето на водоводна линија, кое е дополнителна причина за оваа мерка. Впрочем, би сакале да ја информираме јавноста дека овие лица по основ на гарантирана минимална помош, за време на грејната сезона добиваат секој месец по 1.000 денари за електрична енергија, која мерка е предвидена за ранливи категории на граѓани, стои во соопштението од штипската општина.
Овој став на штипската локална самоуправа на нив не им оди во прилог и бараат итно решение кое доколку не се случи, тие најавуваат.