15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Комисијата за заразни болести е неправедна кон угостителите, тврдат од Комората

Комисијата за заразни болести е нереална и неправедна кон угостителите, тврдат од независната угостителска комора, откако вчера се укинаа сертификатите за моловите, но не и за објектите кои вршат угостителска дејност.

Според нив, ваквата одлука на Комисијата за народот е дискриминирачка, а за за угостителите уништувачка.

Според Јосифовски, угостителите веќе не можат да го издржат притисокот и ако не наидат на разбирање од Владата за многу проблеми што им се наталожија, во оваа дејност ќе има се повеќе затворање на објекти.

Ова е резултат на преполовениот промет, зголемените цени на суровините и струјата, минималната плата, недостигот на работници, а за наплата стигнале и средствата од ковид 1 и ковид 2 мерките:

Според угостителите, во иднина не смее одлуки кои се однесуваат на нив, да се донесуваат без нив, туку бараат на седниците на кои се дискутира за угостителството да бидат присутни и нивни претставници.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles