Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку “Мој термин”, туку ќе примаат само итни случаи. Ова следува откако од надлежните не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања. Тие како приоритетни ги ставија проблемот со зголемување на вредноста на капитацијата и режимот на лекови, за кои им било ветено и нивно постепено решавање.