Наместо досегашните 30.000, од февруари наваму посмртната отпремнина за пензионерите е намалена на 25.000 денари, а во исто време месечната сума која пензионерите ја уплаќаат во т.н. Солидарен фонд е зголемена. Оваа одлука на Сојузот на пензионери за штипското здружение на пензионери инвалиди е неоправдана и е на штета на семејствата на сите пензионери:
Од Сојузот на пензионери денес никој не одговори на нашите јавувања за да објасни кој и со која цел ја донел спорната одлука и зошто, при тоа, не се консултирани сите здруженија.
Од друга страна, во образложението на одлуката објавено во Службен весник стои:
Поради зголемениот број на починати корисници на пензија, а со цел обезбедување средстав за исплата на посмртна помош, донесена е одлука со која посмртнината ќе се исплаќа во висина од 25.000 денари, а разликата од 5.000 денари ќе се исплати по акумулирање на средства во солидарниот фонд, информираат од Одборот на Регистрирана организација за солидарен фонд и членарина.
Во Државата има 328.000 пензионери. До 2008 година средства за членарина и солидарен фонд се собираа и исплаќаа преку здуженијата на пензионери. Од 2008 година исплатата се врши преку подрачните единици на Фондот за ПИОМ.