16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

За 5 години не е завршена ни една третина од новиот објект на Штипската болница. Рокот за завршување е до јуни наредната година

За 5 години, колку што грчката компанија Интракат работи на изградбата на новата болница во Штип, потрошени се 11,3 милиони евра, а не е завршена ниту една третина од работат. Точниот процент на реализација е одвај 31.

Во меѓувреме, пари од Државата  на сметка на Интракат легнале во декември лани и во средината на јануари оваа година. Според Министерството за здравство од страна на изведувачот се работи во објектот, кој треба да биде современ болнички центар за пациентите од источниот и југоисточниот дел на државата.

На објектот на КБ Штип работат до 100 работници на дневно ниво и активно се работи на поставување челична конструкција, поставување спуштен плафон во објект на линеарен акцелератор, како и завршни работи на фасадата и други технички градежни активности“, информираат од  Министерството за здравство

Крајниот рок за завршување на болницата е јуни наредната година, но со оглед со оглед на динамиката на реализација и повлекувањето на Банката при Советот на Европа тешко дека ќе биде испочитуван. Изградбата на болницата треба да чини 30 милиони , а за дореализација остануваат да се обезбедат 19 милиони. По стопирање на кредитот, овие средствата треба да ги обезбеди Владата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles